„Преспанскиот договор и улогата на Алексис Ципрас и Зоран Заев и неговите тимови се историски. Решија проблем кој на граѓаните им обезбеди мирно решение и отворија просперитет за идните генерации, но ЕУ не испорача почеток на преговори со Македонија заради политичкото предавство на Франција“, истакна Мартин Шулц, претседател на Фондацијата Фридрих Еберт.
Поранешниот претседател на Европскиот Парламент имаше видео обраќање на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод 6 години од Преспанскиот договор во организација на Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев.
„Двете држави постигнаа историски договор, а јас бев засрамен што ЕУ не испорача, како што беше ветено, дека ќе ги започне преговорите со Македнија штом ќе се потпише договорот“, истакна Шулц.