Шумски пожари на грчкиот полуостров Пелопонез: Гаснењето го отежнуваат температурите од 40 степени и ветерот

– Шумски пожари избувнаа во областите Арголид и Аркадија на полуостровот Пелопонез во Грција, јавува Анадолу.

Поради пожарот кај градот Арголида, Министерството за климатски кризи и цивилна заштита повика на евакуација на одредени населени места.

Министерството побара и евакуација на станбените единици во пожарната зона кај градот Аркадија.

Продолжуваат операциите за гаснење на пожарот од земја и од воздух.

Сепак, гаснењето на пожарот го отежнува температурата од околу 40 степени и ветерот.

Според соопштението на грчката метеоролошка служба, се предвидува дека денеска низ земјата ќе преовладува силен ветер чија брзина на места ќе достигне 90 километри на час.

Поради оваа причина, од граѓаните е побарано да внимаваат на шумските пожари.