– Околу 190.202 хектари шумско земјиште во Грција изгореа во втората половина на јули.
Грчката метеоролошка служба соопшти дека покрај рекордно високите температури, шумските пожари се поттикнати и од ниската влажност во атмосферата.
Од 15 до 31 јули седум големи пожари избувнаа на островот Крф, во Егио, Дервеноксорија, Куварас, Каристос, Неа Агиалос и Родос.
Од почетокот на годината досега во Грција изгоре шумска површина од 222.577 хектари.