Ѓоковиќ брутално тргна по златниот медал: Го прегази третиот во светот за 55 минути!

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ ја започна борбата за златниот медал.

Новак Ѓоковиќ на Олимписките игри ја постигна најубедливата победа во кариерата. Тој во првото коло на турнирот во Париз го совлада Австралиецот Метју Ебден за неполни 55 минути игра – 6:0, 6:1, а третиот тенисер на планетата во конкуренција на двојки немаше никакви шанси при оваа пресметка.

Новак прошета низ Париз, па мирно ќе ја чека неделната програма на Олимписките игри. Потоа треба да го дознае својот ривал во следното, второ коло на олимпискиот турнир. Тоа ќе биде или Мартин Фуцовиќ или Рафаел Надал, неговиот најголем противник во целата негова кариера. Ѓоковиќ и Надал би можеле да го одиграат својот 60. официјален меч, а по тој параметар веќе се рекордери во историјата на светскиот тенис.