Ѓоковиќ во прегратка на една од најубавите српски актерки! Новак ја посети Србија, па отиде во театар и ја воодушеви публиката но и актерите (фото)
Претходната вечер српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше на претставата „Три киселица“ и ја изненади присутната публика во Србија, но и актерите.
Наташа Нинковиќ, една од нашите најубави актерки од соседна Србија, целосно се воодушевила кога го здогледала познатиот тенисер и веднаш ја искористила можноста да се фотографира со најдобриот тенисер во светот.
„Овој човек засекогаш и секогаш. Наш специјален гостин“, напиша таа во објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Србија, каде заедно со семејството го прослави раѓањето на неговиот внук, синот на неговиот најмлад брат Ѓорѓе Ѓоковиќ и снаата Сашка Веселинов.