Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 392-та недела на врвот на АТП ранг листата.
Сопственикот на 24 Грен слем титули ја задржа убавата предност пред најблискиот следбеник Карлос Алкараз.
Лидерот во поредокот има 11.795 поени, момчето од Мурсија има 8.535, додека финалистот на УС Опен Данил Медведев има 7.280 поени.
По нив следуваат Холгер Руне, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, додека Јаникс Синер, Тејлор Фриц, Каспер Руд и Александар Зверев ја комплетираат Топ 10.
Кај српските тенисери Ласло Џере е 37-ми со 1.190 поени, Миомир Кечмановиќ има 80 поени помалку и е 45-ти на листата, Душан Лајовиќ е 54-ти со 913 поени, додека Хамад Меѓедовиќ е 120-ти со 503 поени.
Што се однесува до турнирот, во моментов има натпревари во Ченгду и Жухаи, а наскоро ќе стартуваат и Астана и Пекинг.