Ѓоковиќ казнет двапати за дивоградба

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во спор со градскиот совет на Марбела за реновирање на вила во градската населба Сиера Бланка.

Како што пренесува Марбела 24 Хорас, Ѓоковиќ на 13 февруари по втор пат е казнет со 5.000 евра, а се наведува дека од Новак се бара да ја достави потребната документација или да урне дел од промените што ги направил во својата куќа во ова одморалиште.

Градскиот совет на Марбела е во судски спор против Ѓоковиќ од февруари 2024 година, откако тие извршија реновирање без дозвола на крајот на 2022 година.

Во февруари 2024 година му беше наложено во рок од два месеци да ги реши неправилностите, а потоа на 6 август му беше изречена првата казна од 5.000 евра.

Откако било утврдено дека повторно не ја доставил документацијата, во февруари годинава му наплатила уште 5.000 евра.

Да додадеме дека неговата вила вреди повеќе од 10 милиони евра и се наоѓа во ексклузивна област на овој град.

Има дел што може да се легализира, но има и други дејствија кои го прекршуваат законот за висина и број на катови.