Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен каде ќе има можност да собори уште еден рекорд на Роџер Федерер.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен победувајќи го Раду Албот со 3-0 во сетови.
Со овој триумф тој стана играчот кој постигна најмногу победи на централниот терен на УС Опен , стадионот „Артур Еш“ во историјата на тенисот. Според него, тој не бил ни свесен за тоа. „ Не ја знаев таа информација, ова е најголемиот и најгласниот стадион во нашиот спорт. Ноќните сесии се одлични, неверојатна енергија, благодарам на сите што дојдовте. Мило ми е за уште едно интересно достигнување “, изјави Србинот по натпреварот.
Во второто коло ќе ги одмери силите со Ласло Џере, а токму против српскиот тенисер ќе има можност да собори уште еден рекорд на Роџер Федерер.
Сега се врзани. И двајцата имаат 89 триумфи на УС Опен во опен ерата, па потенцијалниот триумф над Џере ќе значи дека Новак го надмина Федерер по друг параметар.
Novak Djokovic ties Roger Federer as the man with the 2nd most match wins at the US Open in the Open Era.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 27, 2024
89.
A golden stat for a golden athlete.
🇷🇸 pic.twitter.com/3teej4OLK1