Новак Ѓоковиќ остави интересна порака пред камера по пласманот во финалето во Синсинати.
Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Синсинати ќе игра против Карлос Алкараз . По победата во два тесни сета против Александар Зверев (Германија), тој остави интересна порака пред камера. За многумина тоа има двосмислено значење, а напишал само еден збор – огномет! За сето ова има посебна причина.
На некој начин го најави спектаклот во борбата за титулата и четвртата пресметка со шпанскиот играч, односно огномет во финалето. Сепак, тоа не е единствената причина за ваквата порака. На крајот на натпреварот при резултат 6:5, кога го сервираше мечот во вториот сет, започна огномет од паркот во близина на стадионот . Сето тоа траеше неколку минути и сериозно го изнервира Србинот, кој не можеше да се фокусира на својот сервис.
Во еден момент му пријде на судијата да се пожали, но и тој не можеше да стори ништо за тоа освен да се договори со Новак. Ѓоковиќ успеа да најде решение и да го приведе мечот до крај, иако пред тоа направи шоу со навивачите кога пред послужувањето рече „ Новата година дојде рано “ и на тој начин ги насмеа сите. Тогаш решил да го напише и на камерата. Огномет со Зверев, огномет со Алкараз, исходот нека биде ист. Погледнете како изгледаше сето тоа: