Ѓоковиќ не е ни во Топ 10

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не е ни меѓу 10-те маркетиншки најпрофитабилни спортисти, според 14-та по ред годишна листа на „Спортс про“.

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси по втор пат заврши на врвот, пред кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.

Меси стана само вториот спортист кој двапати ја предводи листата, која е поделена на три компоненти: сила на брендот, големина на пазарот и економичност.

Трет на листата е Алекс Морган, американски фудбалер, а потоа следува уште една НБА ѕвезда, Џанис Адетокумбо или Меган Рапино, соиграчката на Морган од репрезентацијата на САД.

Топ 10 ги заокружуваат Микаела Шифрин, Луис Хамилтон, Сајмон Бејлс, Килијан Мбапе и Макс Верстапен.

Изостана Новак Ѓоковиќ, кому му беше доделено 11. место на оваа листа. Зад него е шампионката на УС Опен Коко Гоф, која со 19 години е најдобро рангирана тинејџерка.

Минатата година на првото место беше Кристијано Роналдо, но оваа година падна на 27-та позиција.