По Горан Иванишевиќ, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја заврши соработката со уште еден тренер, со кој имаше доста успеси.
Тоа е Италијанецот Марко Паничи, кој беше во тимот со Ѓоковиќ речиси една деценија.
Оваа вест ја соопшти Ѓоковиќ кој на својот Инстаграм профил напиша:
„ Гранде Марко, какви неверојатни години соработка имавме. Стигнавме до врвот, освојувавме титули, уривавме рекорди. Но најмногу од сè, уживав во нашите најобични денови на тренинзи во и надвор од салата. Бескрајни часови „карциофинис“ и смеа што ме натера да се чувствувам супер мотивиран да се подготвам за успех (како што те нарекува Горан) за сета енергија, труд и време што го вложи за да ме направиш најдобар можен играч и личност што можам да бидам сакам и се гледаме наскоро во Рим “, напиша Ноле.