Ѓоковиќ ја купува вилата на Димитрис Јанакопулос

Веќе неколку дена се пишува за фактот дека Новак Ѓоковиќ одлучил да се пресели во Атина со своето семејство, а тамошните медиуми донесуваат нови информации.

Ѓоковиќови официјално треба да се преселат на нивната нова дестинација од септември, по Отвореното првенство на САД, а како што објави порталот „ Колоури“ , српскиот тенисер веќе пронашол куќа каде што би живеел со сопругата и децата.

Новак Ѓоковиќ ги помина последните неколку дена во Атина со своето семејство, а во петокот вечерта вечераше со премиерот на земјата, Киријакос Мицотакис.

Според грчките медиуми, Новак сака да ја изнајми поранешната вила на Димитрис Јанакопулос, првиот човек на Панатинаикос, за која сака однапред да плати осум кирии, бидејќи тоа подоцна би резултирало со поповолна цена за изнајмување.

„Близу е метрото, релативно новоизградено, со греење на природен гас и паркинг место. Бидејќи се мачеше да најде куќа, се согласи да ја плати киријата однапред “, рече близок пријател на Новак Ѓоковиќ.