Ѓоргиевски: Доколку ВМРО-ДПМНЕ ме предложи да бидам градоначалник на Скопје, ќе го прифатам предизвикот
Актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, вели дека доколку биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, ќе го прифати предизвикот.
„Доколку мојата политичка партија ме предложи и поддржи, секако дека ќе го прифатам предизвикот. Киселла Вода немаше градоначалник на Скопје и нема што да загуби, напротив ќе победи како никогаш досега и секако ќе победат и сите други општини и сите жители на Скопје“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Орце Ѓорѓиевски синојка во „Сител“ ги презентираше критериумите за проектот „Кисела Вода – адреса за заедничка куќа“, преку кој младенците од општина Кисела Вода го користат ослободувањето од плаќање општински услуги за изградба на куќа во овој дел на градот.