Доколку МВР ги ставише регистарските таблички во „Безбеден град“ веднаш по исчезнувањето на автомобилот на граѓанинот од Велес, денеска во судница немаше да разговараме за убиството на ќерка ми Вања.
Вака на едно од прашањата на обвинителството одговори обвинетиот, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Во првиот исказ во обвинителството тој побара да се направи полиграф за да докаже дека ја зборува вистината и дека нема никаква врска со киднапирањето на ќерка му.
Ѓорчевски побара во судницата да биде прикажана целата снимка, а не само 10 секунди каде што се гледа како се движи кај „Александар Палас“, улицата по која се движеа останатите обвинети.
Таткото е обвинет дека помагал во киднапирањето на девојчето, но засега во судницата нема материјални или вербални докази за тоа.