Ѕвездата на Барселона си ја отвори душата и за прв пат проговори за најтемниот период од неговиот живот – Левандовски брутално искрен откри детали за големата семејна трагедија
Познатиот фудбалер Роберт Левандовски си ја отвори душата и зборуваше искрено за најтешките моменти од неговиот живот, а низ најтешкиот пекол тој помина во 2016 година.
Ѕвездата на фудбалскиот клуб Барселона во документарен филм проговори за различни работи од приватниот живот, за кои некои детали досега јавноста не знаеше.
Во пресрет на Европското првенство 2016 година, Левандовски го снајде голема трагедија, бидејќи неговата сопруга го загуби бебето.
„Морав да се фокусирам на фудбалот, но тоа секогаш ми беше во мислите. Навивачите немаа поим за тоа, очекуваа да давам голови и да бидам најдобар“, изјавил полскиот стрелец и потоа додал:
„Се сеќавам дека Ана долета кај мене во Франција кога бев на состанок со репрезентацијата и ми кажа дека имала спонтан абортус. Бевме страшно разочарани и тажни, но моравме да се соочиме со вистината. Морав да излезам на теренот и да се фокусирам на она што треба да го направам. Беше тешка ситуација за нас како семејство“.