ЅВЕЗДА ОД ВЕБ-САЈТ ЗА ВОЗРАСНИ НАПРАВИЛА ПИВО СО ВКУС НА НЕЈЗИНАТА ВАГИНА !? Оваа девојка тврди дека “сензуалниот пијалок“ ќе стане вистински хит
Ѕвездата на платформата за возрасни OnlyFans сфатила како да заработи уште неколку долари, така што решила да направи пиво со вкусот на нејзината вагина.
Кејтлин Сирагуза се здружи со полската компанија за пиво The Order of Yoni, за да и помогне да го изработи овој чуден алкохолен пијалок.
Инфлуенсерката и ѕвезда на OnlyFans тврди дека е убедена дека ќе се продава и пивото со вкус на нејзината вагина.
„Тоа е смешно. Луѓето дефинитивно ќе го купат. Не знам дали навистина ќе го испијат, мислам, веројатно ќе го испијат“, изјавила таа.
Red Yoni, компанија која е специјализирана за користење на необичната состојка за својата линија „Women’s Essence“, ги опиша пијалоците со вкус на вагината како сензуално искуство во форма на пиво.
Дополнително, од компанијата наведуваат дека за подготовка на пијалокот гинеколог собира вагинален брис.
„Овие брисеви се носат во лабораторија каде се изолираат бактериите, се чистат, па се анализираат и се размножуваат“, открива компанијата.
„На крајот од процесот, бактериите се користат за производство на чиста млечна киселина која оди во пивото“, велат од компанијата.
Компанијата Red Yoni јасно стави до знаење дека наместо квасец се користат лактобацили – еден вид бактерии.
Кејтлин Сирагуза има повеќе од 6,4 милиони следбеници на Twitch откако почна да објавува мешавина од содржини за игри, клипови за Hot Tub и ASMR видеа.