Ѕверев жестоко казнет! Германскиот тенисер обвинет за насилство – судот му одреди висока казна!

Германскиот тенисер Александар Ѕверев е казнет од судот во Германија со 450.000 евра поради напад на неговата поранешна девојка.

Портпаролот на кривичните судови во Берлин потврди за „Гардијан“ дека Окружниот суд Тиргартен издал потерница против Зверев на 2 октомври.

Ѕверев беше обвинет дека физички ја малтретирал поранешната девојка и и’ го загрозил здравјето за време на расправија во Берлин во мај 2020 година.

Да потсетиме, германскиот тенисер ги негираше обвинувањата за нападот откако јавното обвинителство во Берлин побара изрекување казна против него.

„Целосно ги отфрлам обвинувањата. Моите адвокати ќе се погрижат за сè. Тоа е сè што имам да кажам“, изјави тогаш Ѕверев.

Во јануари оваа година, Здружението на тениски професионалци (АТП) соопшти дека нема „недоволно докази“ за да се поддржат наводите за семејна злоупотреба против Ѕверев од неговата друга поранешна девојка, Оља Шарипова.

Уште тогаш Ѕверев ги негираше сите обвинувања.