Ѕирнете во собата на помладата ќерка на Карлеуша: Таа дури има сопствена бања (ВИДЕО)

Ќерката на Јелена Карлеуша, Ника Тошиќ е вистинска ѕвезда на „ТикТок“, нејзините видеа имаат неколку илјади прегледи, а просторот каде што најчесто се снима е вистински мал рај.

Собата на Ника Тошиќ е пространа и светла, има сопствена бања и е оаза на мирот, која секој тинејџер ја посакува за себе.

Во центарот на собата има голем кревет, а големото огледало му дава на просторот уште поголема димензија.

Детска соба без играчки би била незамислива, па Ника има цела полица исполнета со плишани играчки и книги.

Има и маса полна со производи за нега, што е доказ дека веќе влегла во пубертет и полека станува зрела девојка.

Она што го поседува Ника, а по кое копнеат многу девојки е нејзината сопствена „walk in“ гардероба, која е вистинско мало модно царство.