Јавниот превоз во Скопје утре ќе сообраќа по неделен распоред

„Утре, на верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа според неделен распоред“, соопшти ЈСП Скопје.

Билетарниците на Транспортен центар и Ѓорче Петрови ќе опслужуваат од 07:00 до 14:00 часот.

Жичницата ќе работи нормално, од 10:00-18:00 часот, со последно патување од дното кон врвот од 17:00-17:30 часот, така што последното патување од врвот до дното во 17:45 часот.