Јавноста ќе знае кога е екстрадиран Палeвски Палчо откако ќе биде спроведен во Шуто Оризари

Министерството за правда веќе ја заврши целата работа и чека на МВР да ја договори и спроведе екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Република Турција, брифираат оттаму за Алфа.

Според досегашните информации споведувањето на палевски палчо до истражниот затвор во шутка каде ќе лежи 30 дневен притвор ќе се обави во тајност и далеку од очите на јавноста, по барање на турските власти.

Од МВР за Алфа велат дека јавноста ќе ја информираат откако бегалецот ќе биде трнспортиран директно во притвор согласно протоколите на интерпол.

Министерот Кренар Лога неодамна изјави дека наскоро Палевски Палчо ќе биде екстрадиран само се чека македонското и турското Минситерство за внатрешни да го договорат транспортот.