Четиричлена комисија на јавни обвинители од ОЈО денеска врши надзор на предметите поврзани со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко при Основното јавно обвинителство Струга и Високиот јавен Обвинителство во Битола.
Од Јавното обвинителство потенцираат дека по целосните проверки комисијата ќе подготви извештај.
Обвинителството во четвртокот соопшти дека има шест активни случаи против градоначалникот на Струга. Од таму потенцираа дека многу сериозно ги земаат предвид сите податоци на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание на Мерсо врз процедурите.
„Од овие причини Обвинителството веднаш ќе ја испита законитоста и брзината на постапувањето и можното влијание врз постапувањето на предметите за секој предмет. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека не постапиле навреме, непрофесионално и паднале под влијание, ќе започне постапката за одговорност и јавноста ќе биде навреме информирана“, соопштија од ЈО во четврток.