Исхраната игра клучна улога во секој аспект на здравјето, вклучително и метаболичките процеси кои помагаат во губење на тежината.
Одредени намирници може да го забават вашиот метаболизам и да го отежнат постигнувањето на целите за слабеење. Сепак, добрата вест е дека одредена храна содржи соединенија кои можат да го забрзаат метаболизмот, да го регулираат апетитот и да помогнат во побрзо согорување на мастите.
Според нутриционистот Крутика Нанавати, со редовно вклучување на одредени видови храна во вашата исхрана, можете да ги поддржите вашите цели за здравје и губење на тежината.
Боровинките се исклучително корисни за здравјето и се издвојуваат по високата содржина на антиоксиданси и нивната единствена способност да ја намалат апсорпцијата на мастите.
„Овој вид овошје содржи пектин, влакна кои се врзуваат за мастите во дигестивниот систем“, објаснува Нанавати за SheFinds.
Редовното консумирање боровинки може да ги намали штетните масти кои се складираат околу внатрешните органи.
Освен боровинки, одличен избор за ужина се и јаткастите плодови и семките, а семките од тиква се издвојуваат по своите својства. Тие се богати со магнезиум, кој помага да се зголеми енергијата и да се намали отпорноста на инсулин, што е клучно во процесот на согорување на мастите.
„Тие содржат аргинин, аминокиселина која го подобрува протокот на крв и обновувањето на мускулите, што придонесува за послаба линија“, тврди нутриционистот.
Авокадото е исто така суперхрана богата со мононезаситени масти кои ги активираат ензимите за согорување на мастите и го поддржуваат хормоналниот баланс.
„Тие помагаат во разградувањето на складираните масти преку поддршка на хормони како лептин кои го регулираат гладот и метаболизмот“, рече Нанавати.