Јадете ги овие шест намирници за да го зајакнете имунитетот и да се борите против инфекциите

Одржувањето на имунитетот е важно во текот на целата година. На имунитетот може да влијаат многу фактори, како што се спиењето, вежбањето, управувањето со стресот, а најдобриот начин да се осигурате дека нема да дојде до пад на имунитетот, а со тоа и појава на болести и инфекции е да се грижите за себе и да консумирате храна што ќе помогне во ова.

Подолу издвојуваме шест видови на храна кои лекарите ги препорачуваат за зајакнување на имунитетот и борба против инфекции.

Агруми

Витаминот Ц во агрумите, како што се портокалите, грејпфрутите, лимоните и лиметите, не само што е моќен антиоксиданс, туку и го поддржува вродениот и прилагодлив имунолошки систем, пренесува Parade.

„Ефектот на витаминот Ц промовира побрзо зараснување на раните, влијае на создавање на посилна бариера на кожата, артериите, цревата и патогените микроорганизми, го намалува оксидативниот стрес што може да ги влоши инфекциите и ги чисти нуспроизводите од процесот на борба против инфекции“, истакнува д-р Стејси Стивенсон.

Боровинки

„Боровинките содржат антоцијани, природни биоактивни супстанци за кои е докажано дека ја зголемуваат имунолошката активност во телото додека го намалуваат воспалението“, објаснува д-р Вилијам В. Ли. Ова популарно овошје е одличен избор за редовна консумација, а големата предност е што боровинките може да се јадат цела година, свежи или замрзнати.

Зелен лиснат зеленчук

Во борбата против инфекциите и болестите помага консумирањето на зелен лиснат зеленчук.

„Бета каротенот во зелениот лиснат зеленчук се претвора во витамин А за време на процесот на варење и асимилација, а витаминот А има антиинфламаторни супермоќи“, објаснува Стивенсон.

Исто така, јадењето зелен лиснат зеленчук делува како засилувач на имунолошкиот систем, ги регулира клеточните имунолошки одговори, ја зголемува бариерната функција на респираторниот и дигестивниот тракт, ја оптимизира имунолошката функција на клетките на коскената срцевина, го зголемува производството на антитела и го инхибира развојот на воспалителните клетки.

Семки од тиква

д-р. Стивенсон објаснува дека семките од тиква се „одличен извор на магнезиум, кој помага во борбата против инфекцијата преку синтетизирање на антитела, го намалува воспалението што ја влошува инфекцијата и ги чисти заразните микроби од телото врзувајќи ги за лимфоцитите за отстранување“.

Јаболка

Друга корисна храна што можете да ја јадете се јаболката. д-р. Ума Наиду издвоила едно истражување во кое „луѓето јаделе по едно јаболко дневно, а резултатите покажале дека поради тоа користеле помалку лекови на рецепт“. Таа додаде дека истражувањата ги истакнале бројните здравствени придобивки од јаболката, вклучително и антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Ефектот за борба против инфекции на јаболката е флавоноидот келин, кој може да ги отвори дишните патишта кога имате инфекција. Јаболката се исто така богати со растителни влакна, кои можат да помогнат во намалување на воспалението во телото. 

Чили пиперки

д-р. Naidoo ги издвои и чили пиперките кои го содржат соединението капсаицин.

„Покрај многу други корисни здравствени придобивки, чили пиперките се богати со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали во телото, но и против бактериски инфекции и може да предизвикаат разредување на слузта и полесно отстранување од белите дробови при одредени респираторни инфекции”, објаснува таа.