Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во 24 анализа рече дека засега не знае дали ќе се кандидира за градоначалник повторно. Според него одлуката ќе ја донесе според анкетите, расположението и околностите.
Тој зборуваше и за вториот повик со кој ќе бидат поддржани капитални инфраструктурни проекти на општините. Јакимовски објасни дека потребен е подолг временски период за аплицирање со издражни проекти на овој повик но потребен е и соодветен координатор бидејќи како што кажа тој, за голем дел од проектите во Македонија нема доволна оператива за изградба на сите проекти.
„Не сум размислувал за кандидатура се уште. Јас најчесто добивам поддршка од граѓаните и ќе видиме немам донесено одлука. Според мене, рано е да размислувам за кандидатура. Ќе размислам според анкетите, околностите но и расположението“, рече Јакимовски.
Во однос на вториот повик со кој ќе бидат поддржани капитални инфраструктурни проекти на општините Јакимовски потенцираше дека потребно е повеќе време и простор за аплицирање со цел да се понудат поквалитетни проекти.
„Исклучиво истрајни проекти може да понудиме ако имаме подолг временски период. Ни треба повеќе време да се подготват соодветни програми. Ова го правиме брзо и сите брзаме за локалните избори. Досега тоа што сме понудиле тоа ни одобриле“, објасни Јакимовски.
Тој додаде дека поголемиот дел од проектите во сите Општини се слични и дека ќе има голема оптовареност на фирмите во Македонија кои ќе бидат ангажирани.