ЈАНА СТАНА НАЈПЛАТЕНА ЉУБОВНИЦА НА СВЕТОТ: Шеик СЕКОЈ ДЕН ја опсипува со пари, а еве колку и дава и што прави за возврат

Јана Орфева, украинска манекенка , се вели дека е најплатената љубовница во светот. Таа е љубовница на саудиски принц и за тоа секој ден на нејзината сметка легнува огромна сума на пари. Многу девојки сонуваат да најдат богат шеик за да можат да уживаат во шармот на луксузот, а сонот на оваа украинска манекенка се оствари.

Јана три години ужива со богатиот принц, а освен што поради „титулата љубовница“ секојдневно добива по околу 5.000 евра, саудискиот мултимилионер и подарува луксузни патувања, брендирани чанти, чевли, гардероба, и скапи автомобили, пишува Дејли Стар.

Додека на социјалните мрежи споделува бројни работи од приватниот живот, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија од специјално направен прстен „Граф“ кој чини околу 200.000 евра, што, како што пренесуваат странските медиуми, е ситница за принц. .

Најчесто сама оди на платени патувања, додека понекогаш и се придружува и принцот.

Како што понатаму се наведува, оваа убавица ги искористила парите купувајќи луксузни станови во Киев и Москва, а нејзините пријатели ја опишуваат како добра, но разгалена девојка.

Јана многу вложува и во својот физички изглед, што е очигледно, а многумина коментираат дека тоа е единствената работа што ја има.

На рана возраст таа беше само уште една обична девојка од една украинска провинција која си ја проба среќата на натпревари за убавина. Иако денес го крие своето минато, вклучувајќи го и тоа како изгледала некогаш, старите фотографии покажаа колку Јана се променила.