,,Јас како министерка за образование не можам да дозволам да настрадаат уште пет закони, бидејќи ДУИ не сака еден закон – да се пее химна“, изјави министерката за образование Весна Јаневска за „Слободен печат“.
Химната нема да се интонира на почетокот и на крајот на учебната година и во училишните патронати, бидејќи Владата го повлече предлог законот за средно образование откако имаше блокада и реакции на него.
Министерката за образование Весна Јаневска вели дека не се откажува од почитувањето на државните симболи и дека допрва ќе бара начин како да функционира во мултиетничко општество. Од друга страна, владејачката ВЛЕН повлекувањето на Предлог-законот го оцени како успех, како и ДУИ.
Јаневска најави дека законот ќе се подобрува и дека се размислува како да се реши почитувањето на државните симболи.