Јаневска: Министерството за образование остана со минус пет 5 милијарди денари

Јавноста има право да знае дека МОН е минус 5 милијарди денари, но не треба да има грижи, бидејќи и со овој буџет ќе обезбедиме да има плати за вработените во образованието, таа финансиска поддршка за студентите се плаќа и дека стандардот на студентите расте.

Оваа информација во „Алфа“ ја сподели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, каде зборуваше за актуелните состојби во образованието и промените што ќе следат во текот на нејзиниот мандат.

„Ќе се обидеме да преземеме корисни чекори за подобрување на квалитетот на образованието и веќе имаме позитивни реакции за одложувањето на Концептот за основно образование и ревизијата на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение“, рече Јаневска, нагласувајќи дека наставниците реагираа за слаба интеграција на предметите и несоодветна настава по предметот.

Осврнувајќи се на инклузијата во образованието, министерот рече дека идејата за вклучување на сите деца со попреченост во редовна настава е избрзана и исто како и концептот за основно образование.