Јаневска: 30 ученици од основно училиште кои се на болничко лекување или лекување дома посетуваат формално образование на дистанца

Триесет ученици кои се на болничко лекување или се дома повеќе од три недели активно следат учење на далечина од 1 септември. Некои од нив се вклучени во онлајн часови со своите соученици, додека со некои од нив наставниците одржуваат индивидуални часови користејќи алатки што најчесто се користат за учење на далечина, како што се платформите EDUINO и nastava.mk.

Ова го изјави министерката за образование Весна Јаневска, која најави дека од почетокот на новата учебна година, Министерството за образование, во соработка со Министерството за здравство и САНО – Здружение за поддршка на деца со рак, воведе формално образование во здравствените установи и дома, односно секој ученик кој е хоспитализиран или се опоравува дома повеќе од три недели, може далечински да посетува настава во својата училница или наставникот може да организира индивидуални часови со него.

„Ниеден ученик не треба и не може да биде лишен од своето образование само затоа што прима медицински третман. Здравствената состојба не значи изолација, прекин на образованието или заборавеност, туку напротив, болеста е предизвик и општеството е должно да им даде поддршка и надеж. Со инвестирање во нивното знаење, инвестираме во пофер, поемпатична и посилна иднина.“

„Министерството за образование и наука изразува благодарност до наставниците кои беа вклучени во наставата на овие ученици, за нивната посветеност и жртва, како и благодарност до родителите/старателите на учениците за нивната поддршка и активно учество во успешното спроведување на овој процес“, соопшти Министерството за образование и наука.