Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 3 години затвор, Мендух Тачи – на 3 години и 2 месеци, Бедредин Ибраими – на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски – 3 години, Сашо Срцев – на 3 години и Елизабета Стефановска – на 3 години затвор.
Инаку случајот Титаник се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година. Ова е првиот случај за кој отвори истрага поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), уште во почетокот на 2016 година. Лани Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер и уште петмина обвинети ја признаа вината. Адвокатскиот тим на Јанакиески најави дека ќе побара спојување на сите притвори што тој ги има издржано во период од безмалку пет години за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години и тој да не замине на извршување на затворската казна.
Апелациониот суд Скопје денеска одлучи да ја потврди осудителната пресуда за осудените во Титаник, но на дел од нив им ги намали казните, соопштија денеска од судот.
Јанакиески сепак останува во преостанатиот дел на „Титаник“, обвинет за незаконско финансирање на (кампањата на) ВМРО-ДПМНЕ и за потешки финансиски малверзации за кои се пропишани повисоки затворски казни. Тоа судење уште трае во Основниот кривичен суд Скопје.
За поранешната министерка за внатрешниработи Гордана Јанкуловска, која првично доби две и пол години затвор, Апелација казната ја преиначи во условна.
На Мартин Протоѓер му остана условната затворска казна. Мунир Пепиќ првично беше осуден на една година затвор, сега и тој доби условна.
Миле Јанакиески доби најголема казна – четири и пол години затвор. Коста Митровски е казнет со тригодишна затворска казна. Гордана Јанкулоска е осудена на единствена казна од две и пол години затвор. Мунир Пепиќ доби една година затвор. Киро Тодоровски, поранешен шеф на кабинетот на Јанкулоска, доби условна казна од две години, исто како и Катерина Веловска.
Осудените се виновни за злосторничко здружување формирано од Никола Груевски за изборни нерегуларности во 2011 и во 2013 за парламентарни и локални избори.
Судијата Шабани при изрекување на пресудите лани читаше одделно што правеле обвинетите: кражба на лични податоци на граѓани за да ги присилуваат граѓаните да гласаат, некои да не гласаат, па им се заканувале на денот на избори да не излегуваат да гласаат, други ги терале да донираат незаконски за партијата, трети краделе избирачки материјали…
Но, тој изненади кога ги прочита по име и презиме увезените гласачи од Пустец и помал дел од Косово, сите до еден 625 лица. Злосторничкото здружение ги донело, им дале на незаконит начин лични карти, ги распоредиле во Избирачкиот список како жители на Центар, Кичево и Ресен, на сите места каде фалеле гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, пишува, mkd.mk