Јанчев: 6 пожарникари и две противпожарни возила се упатија кон Богданци

Општина Кавадарци секогаш безрезервно помага онаму каде што е потребно, напиша на социјалните мрежи градоначалникот Митко Јанчев. 

Шест пожарникари и две противпожарни возила опремени со потребната опрема се упатија кон Општина Богданци.

Пожарникарите на ТППЕ Кавадарци интервенираат во пожарот кој избил близу ветерниците, објави Јанчев.