Јапонецот кој потроши 14.000 евра за да „стане“ куче повторно шокира: Сега фантазира за панда или мечка
„Ми се допаѓаат животните кои одат на четири нозе, особено слатките“, рекол тој
Јапонецот Токо има армија обожаватели на мрежите кои ги следат неговите авантури. Во морето од инфлуенсери, јутјубери и тиктокери, тој се истакнува затоа што ужива во глумата – куче.
Сигурно сте слушнале за човекот кој потроши 14.000 евра за да „стане“ крзнено милениче со четири нозе , поточно коли, а сега повторно е во центарот на вниманието на медиумите.
Последен пат пишувавме за него кога шеташе по улиците на Токио и си играше со животни, а сега навести дека сака да стане панда, мечка или лисица!
Без разлика дали станува збор за „криза на идентитет“ или нешто друго, само Токо го планира својот иден живот како друго животно.
Тој пред локалните медиуми ги откри своите желби, но и дека реализацијата не е едноставна, пренесува НДТВ .
„Луѓето и кучињата имаат различни коскени структури и моторни вештини. Тешко е да се прават движења кои изгледаат реално. Покрај тоа, крзното лесно се валка и треба да се чисти секој пат. Се разбира, би сакал да станам уште едно животно. Сонувам да бидам куче, панда или мечка. Лисицата е исто така убава, но тоа е практично невозможно“, рече тој.
Јапонецот претходно објасни дека го избрал колиот бидејќи тоа е неговата омилена раса. Тој одби да го открие идентитетот, а на социјалните мрежи редовно објавува слики од своето секојдневие.
„Ми се допаѓаат животните кои одат на четири нозе, особено слатките“, додал тој.
Да потсетиме, Токо ангажираше компанија од Холивуд на која и беа потребни 40 дена за да го изработи костимот.
Дали навистина ќе го промени својот вид и ќе „стане“ панда или мечка, останува да видиме…