Јапонките се познати како најубавите жени на светот. Тие никогаш не се на диета бидејќи следат пет правила
Заедно со Французинките, Јапонките отсекогаш биле вбројувани меѓу најубавите и најелегантни жени во светот. Ако се прашувате која е тајната на нивниот неверојатен изглед, одговорот е прилично едноставен – тие внимаваат на исхраната и следат пет правила.
Никогаш не го прескокнуваат појадокот
Јапонките знаат колку е важен појадокот и внимаваат да го јадат кога ќе се разбудат. Поентата на првиот оброк во денот е што е разновиден, а најчесто се служи риба, ориз, омлети, мисо супа, соја, зеленчук и чај.
Јадат полека
Порциите во Јапонија се мали, храната се јаде полека и се земаат мали залаци.
Јадат разновидна храна
Најпознатото јапонско јадење е сушито, но жителите на таа земја консумираат многу повеќе од риба. Секој ден јадат супи, зеленчук, соја, ориз, а пијат само вода и зелен чај.
Зеленчукот секогаш се сече на листови
Ова е трик кој може да помогне зеленчукот да биде што помалку термички обработен и да задржи повеќе хранливи материи. Исто така, зачините се користат ретко во Јапонија и никогаш не се претеруваат.
Слатките се забранети
Десертот е реткост кај Јапонците. Кога се сервира е во мали количини. Нема калорични колачи и торти, а нивниот традиционален деликатес е мочи – сладолед од ориз.