Јапонскиот начин за пакување на подароците е сè што ви треба за овие празници: Брзо, лесно и едноставно (видео)
Новата година е буквално пред нас, а празничната еуфорија на најубавото годишно време веќе започна.
Сепак, многумина од нас купуваат подароци во последен момент, а не ретко процесот на завиткување подоцна некому му создава вистински главоболки. За да не се повтори оваа година, ќе ве запознаеме со револуционерна техника за која не ви е потребен дополнителен материјал!
Ако не сте добри во користење на лента и сечење, јапонскиот метод е идеална опција за вас.
Јапонскиот метод со кој е можно да се завиткаат подароци без употреба на ножици или селотејп го практикува целиот свет. Ви звучи незамисливо? Процесот е толку едноставен што дури и оние кои вообичаено имаат голем проблем со пакувањето на подароците ќе можат да го користат, пишува Sensa.hr.