Јапонски ресторан со погрешни нарачки: Келнерите и келнерките со деменција ви носат она што го паметат

Во срцето на Токио, Јапонија, е отворен „Ресторан на погрешни нарачки“, каде келнерите со деменција носат насмевки и топлина наместо грешки, а гостите си заминуваат трогнати и полни со почит.

Во Јапонија постои уникатен концепт за кетеринг – „Ресторан на погрешни нарачки“, каде што келнерите и келнерките имаат одреден степен на деменција.  Според гостите, тие доаѓаат тука за ручек, но и за часови по толеранција и сочувство.

Иницијаторот на идејата, новинарот и продуцент Широ Огуни, првпат добил инспирација откако запознал луѓе кои живеат во дом за лица со деменција.

– И јас имав предрасуди, ги замислував како заборавни и изгубени луѓе. А потоа видов дека можат да готват, чистат, перат алишта, да одат на шопинг. Понекогаш малку отстапуваат, но тоа е сè – објаснува Огуни за JapanGov .

Концептот на ресторанот е едноставен: гостите нарачуваат јадење, но никогаш не се сигурни што ќе стигне на нивната маса. Огуни се сеќава кога нарачал бургер и добил чинија со „ѓоза кнедли“. Наместо да се налути, се насмевнал и помислил: „Зошто да се прави проблем? Тоа е само храна “.

Илустрација

Токму оваа опуштеност и подготвеност да се прифатат малите грешки ја прават атмосферата во ресторанот посебна, гостите стануваат дел од искуството, заедно со персоналот.

Се случува наместо да служи, постара жена да седи на масата со гостите, или кафето да пристигне со сламка. Понекогаш келнерот ја врти големата мелница за пипер и ја промашува чинијата, но сите се смеат заедно и помагаат. Радоста се дели, а грешките стануваат повод за зближување.

Огуни нагласува дека ресторанот не е создаден за да се потсмева на луѓето со деменција, туку да покаже дека сè уште имаат што да понудат.

Илустрација

Гостите честопати си заминуваат трогнати, со чувство на топлина и почит. Вработените, од друга страна, велат: „ Чувствувам дека сè уште можам да направам нешто. Ова ми ја врати самодовербата.“

На крајот, пораката е јасна, а тоа е дека деменцијата не ја дефинира личноста. Таа е само еден дел од нивниот живот, но тие се пред сè луѓе.

– Ако општеството научи да биде толерантно, може да се справи со речиси сите проблеми – вели Огуни. Неговата визија не е само „Студена Јапонија“, туку и „Топла Јапонија“ – земја на топлина и разбирање, каде што луѓето се враќаат дома со насмевка.