Јапонците измислија нов спорт: Се одржа Светското првенство во собирање смет, а победникот е големо изненадување (видео)
Минатата недела во Токио се одржа првото светско првенство за собирање ѓубре, наречено СпоГоми (комбинација од зборовите спорт и гоми, што на јапонски значи ѓубре).
Тимови од 21 земја, вклучувајќи го и домаќинот, се натпреваруваа на улиците на главниот град, со цел за еден час да соберат што е можно повеќе ѓубре.
Веројатно звучи изненадувачки што победата им припадна на гостите од Велика Британија кои дома го однесоа првиот, историски трофеј. Собрале 58 килограми ѓубре заработиле 9.046 поени.
„Другите тимови можеби беа повеќе еколошки ориентирани, помалку спортски, а ние бевме спротивно. Од друга страна, научивме што е потребно за чистење на океаните и намалување на отпадот“, изјави Сара Пари, капитен на британскиот тим.
Севкупно, тимовите подигнале 548 килограми ѓубре од улиците на Токио, а бодовите биле доделени врз основа на видот на отпадот, пренесува News York Post.
Освен тоа, не смееле да земаат ѓубре од приватни имоти.
Домашниот тим беше малку разочаран бидејќи не победи.
Сакавме да триумфираме, но се надевам дека со текот на времето повеќе луѓе ќе се интересираат за прашањето на животната средина“, изјави Томо Такахаши, капитен на јапонскиот тим.