Јасен одговор од Володимир Зеленски на “лошите“ медиумски проценки: “Нема да има отстапки за Русија за прекин на огнот!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, истакна дека Украина нема да прави никакви отстапки кон Русија за да се постигне прекин на огнот.

Коментарите на украинскиот претседател уследија по извештајот на NBC за приватни разговори што САД и ЕУ ги водат со Киев за мировните преговори со Русија, како и интервјуто во кое врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни, изјави за Economist дека војната е „во мирување“ и „ќор-сокак“.

Володимир Зеленски ги отфрли ставовите на генералот и ги негираше извештаите дека Украина е под притисок за воени разговори. Тој повтори дека целта на Киев е да ги протера руските војници од целата окупирана територија и да го врати Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Враќањето на суверенитетот е клучниот принцип за завршување на војната. Меѓутоа, Русија во овој момент едноставно не го сака тоа и го замислува светот на свој начин“, нагласи Володимир Зеленски и додаде дека втората фаза од војната е „враќање на правдата“.