Таа со видео од теретана откри како изгледа дел од еден нејзин тренинг.
Пејачката Никол Шерцингер со години ја нарекуваат најубавата жена на светот, а со својата совршена фигура и затегнато тело не престанува да докажува дека ја заслужува оваа титула.
Секојдневната посветеност на напорните тренинзи и здравите животни навики ја доведоа Никол до завидна форма и фигура каква што би посакале и дваесетгодишни жени, а ќе напоменеме дека е во петтата деценија.
Оваа убавица родена во Хавај има 45 години и редовно ги мотивира луѓето и привлекува внимание на социјалните мрежи со својот беспрекорен физички изглед и совршениот тен, а со видеото кое неодамна го објави на Инстаграм покажа што може да прави во теретана.
Веруваме дека може да се натпреварува со мажите во оваа…