Антониа Гиговска неодамна го привлече вниманието на јавноста со брзото враќање на своето извајано тело по породувањето.
Оттогаш пејачката е посветена на својот физички изглед и се грижи за исхраната, па не е изненадување што брзо ја постигна посакуваната фигура.
Таа овој пат се потсети на нејзиниот изглед од пред три години со вишокот килограми кои повеќе ги нема.
Сега изгледа тип топ и секако без своите некогашни облини од кои одлучи да се ослободи.
„Овде сум јас од пред 3 години со плус 33 килиграми од сега“ – напиша Антониа со цел да ги инспирира нејзините следбеници споделувајќи го нејзиното искуство и начинот со кој го постигнала тоа.
Преку пораката која ја сподели таа им најави дека во следните „сториња“ на Инстаграм ќе им подготви и специјални видеа за мотивација.
Пејачката сега ужива да го поминува времето во теретана, а за тоа редовно ги известува нејзините обожаватели преку социјалните мрежи.
Видео плејер
00:00
00:04
Антониа веќе без проблем ја крева маичката нагоре, а сега и мотивацијата кај обожавателките.