Јас сум експерт за рак и го победив во 3-та фаза: Овие 2 намирници ги јадев, a овие 2 секој треба да ги избегнува (Видео)

Ова треба да го следат сите, не само оние кои порано биле болни.

Храната не може да спречи појава на рак, но може да биде причина за развој на тумор во организмот.

Ниту најдобрата диета не може да спречи рак, но вистинската комбинација на храна може да помогне да се направи разлика во здравјето на пациентот. Експертите потсетуваат дека за секој оброк треба да се воспостави рамнотежа од најмалку две третини од растителна храна и не повеќе од една третина од животински протеини. Ваквиот изглед на чинијата е едно од средствата за борба против ракот промовирани од Американскиот институт за истражување на ракот, кој ги раздвојува подобрите и полошите избори.

Д-р Ејми Морис, експерт за закрепнување од рак, им откри на своите следбеници на „ТикТок“ која храна да ја избегнувате доколку имате тумор, а која да ја јадете.

– Јас сум експерт за закрепнување од рак и пред шест години преживеав рак во третата фаза. Прво, јадете што е можно повеќе грав и мешунки воопшто. Тие се богати со влакна и можат да го намалат ризикот од враќање на ракот. Друга работа што треба да се зголеми се посните протеини – рече докторката.

Некои од најдобрите намирници за јадење за време на хемотерапија или други третмани за рак се протеините од растително потекло. Тие нудат највисоко ниво на витамини и минерали. Тоа значи дека болниот треба да јаде многу зеленчук, грав, мешунки, јаткасти плодови и семки. Доколку се консумираат животински протеини, тогаш се препорачуваат посни опции како пилешко и риба.

Што да избегнувате ако сте имале рак

Првиот е алкохолот, забележува докторот.

– Алкохолот го зголемува ризикот од рак или повторување на болеста. Ако можете да го избегнете или барем да го намалите. Друга работа се месните производи – колбаси, сланина, сувомеснати производи, кои се јасно поврзани со зголемен ризик од рак. Затоа избегнувајте ги или ограничете ги колку што можете повеќе – советува д-р Морис.

@dramycancerrecovery

Hands up if you are confused about what to eat after cancer! 🙌🏽⁠ ⁠ A client came to me last week literally in tears. She was SO confused on what she should be eating after cancer. ⁠ ⁠ ⁉️Meat – yes/no?⁠ ⁉️Sugar – yes/no?⁠ ⁉️Alcohol – yes/no?⁠ ⁠ Every time she had a sip of red wine or ate a piece of chocolate, she would stress out about her cancer coming back. She was completely lost and scared. ⁠ ⁠ Sound familiar?⁠ ⁠ There is so much misinformation online that you MUST end the google searches. Instead ask a cancer expert – that’s me!⁠ ⁠ You can feel confident about what you are eating and how you are fuelling your body after cancer. You just need to learn the basics. You can do this!⁠ ⁠ The Cancer Freedom Program helps women be free from the stress surrounding eating after cancer. Time to feel confident about what you are eating and be free of cancer stress. ⁠ ⁠⁠ Click the link in my bio to apply now! #cancernutrition #anticancerfood #cancersux #fcancer #fuckcancer #fucancer #fightcancer #cancerblogger #beatingcancer #beatcancer #stupidcancer #lifeaftercancer #lifeafterbreastcancer #cancersupport #remission #cancerrecovery #chemorecovery #cancerremission #cancercoach #cancerjourney #mastectomy #scanxiety #lumpectomy #doublemastectomy #hysterectomy #radicalhysterectomy #bilateralmastectomy #mdanserson #sloankettering #mdandersoncancercenter

♬ original sound – Dr. Amy Morris

Луѓето кои боледуваат од рак мора да бидат свесни што се случува во нивното тело и често имаат ослабен имунолошки систем кој треба да се зајакне со храна и правилно избрана храна.

Секој кој има хронично заболување, дури и да не е рак, треба да јаде храна богата со протеини, здрави масти, цели зрна и витамини и минерали, нагласуваат експертите. Ако е можно, треба да се направат какви било прилагодувања на новата диета пред да започне лекувањето на ракот, за пациентот да биде што е можно поздрав за време на третманот.