“ЈАС СУМ ЛИЧНО ОДГОВОРЕН“ – Шок во Израел: Првиот човек на тајната служба открива детали за нападот на Хамас

Првиот човек на израелската безбедност, Шин Бет Ронен Бар, денес изјави дека тој е лично одговорен за недостигот на рано предупредување за нападот на Израел на 7. октомври од страна на Хамас.

И покрај серијата акции што ги извршивме, за жал во саботата не успеавме да генерираме доволно предупредувања што ќе овозможат да се спречи нападот“, порача тој во писмото до членовите на агенцијата, пренесува Times of Israel.

Тој додаде дека за тоа е одговорен како човек на чело на организацијата.

Ќе има време за истраги. Сега се бориме“, нагласува тој.

Најмалку 10 членови на Шин Бет беа убиени во нападот на Хамас врз Израел.