,,Јас сум пријател со психоактивните супстaнции“ Потресната исповед на Сергеј Трифуновиќ, ја спомена и смртта на Роѓо Раичевиќ: „Тоа беше пресвртница“ (фото/видео)

Актерот Сергеј Трифуновиќ за време на гостувањето во подкаст откри дека е љубител на психоактивни супстанци.

Сергеј во подкастот прво зборуваше за социјални прашања, а во еден момент призна дека е „пријател“ на опијати.

– Пријател сум на психоактивни супстанци, не до тој степен како што беше Хантер С. Томпсон. Мислам дека фразата што ја кажав во „Караула“: „Откако народњаците почнаат да дуваат, сè отиде во неповрат“. Така е. Кога Роѓа Раичевиќ почина од предозирање се знаеше дека сè отиде по ѓаволите. Тоа беше пресвртница – изјави Сергеј Трифуновиќ.

Инаку, Сергеј Трифуновиќ лани во мај управувал мотор Веспа и бил исклучен од сообраќај. Актерот потоа бил запрен од полицаец, кој преку проверки утврдил дека на возилото што го управувал актерот му е истечена регистрацијата

На Трифуновиќ тогаш не му биле вратени регистарските таблички, а тој управувал возило иако немал положено за А категорија, како и без заштитен шлем.

Актерот првично не застанал на сигналот на полицаецот, а при проверките алкотестот покажал дека во крвта нема алкохол.