ЈАС СУМ СОПРУГА НА МИЛИОНЕР И ВАКА МИ ИЗГЛЕДА ЖИВОТОТ: Уморен сум, ми се гади од некои работи, а маж ми ми забрани да го правам тоа што го прават сите други
Живот на висока нога, особено ако сте сопруга на милионер , на прв поглед звучи и изгледа како нешто за што многу жени сонуваат. Сепак, секогаш постои но! Сакајќи да ги приближи лошите страни на тоа како изгледа да се биде сопруга на милионер, Линда Андранде, која има само 23 години и гордо се нарекува себеси „домаќинка од Дубаи “ , како што се потпишува на социјалните мрежи, си ја отвори душата.
Иако секојдневно е опсипана со луксузни предмети, оди по скапи ресторани и места и често патува, оваа млада жена тврди дека сето тоа брзо може да исчезне. Веќе и е доста од ваквото секојдневие…
@lionlindaa Im posting the *good things* next 🖤✨ #millionaire #wife #dubai #rich ♬ Habibi (Albanian Remix) – Ricky Rich & Dardan
Во видеото на TikTok, таа самата истакна дека често се затекнува да мисли дека станува роб на сите тие скапи работи. Исто така, таа нема ни секунда време да биде опуштена, туку постојано е топ-облечена. Имено, нејзиниот сопруг е задолжен за финансирање на сите „бути“ третмани.
@lionlindaa A tip for my ladies, fight with your men #millionaire #wife #love #dubai ♬ Lucky Girl – Carlina
Друга негативна страна на нејзиниот животен стил се честите посети на ресторани и многу храна, и покрај тоа што е пребирлива и не јаде сè. Љубомората исто така беше на третото место. Како што вели, премногу жени се заинтересирани за нејзиниот сопруг. А имаше и критики за честите патувања кои ја прават хронично уморна.
@lionlindaa Can you believe we dont have a jacuzzi? #howmuchispendinaday #rich #money #wife ♬ original sound – 💸Original Dubai Housewife💸
Конечно, она што исто така и пречеше беше независноста. Имено, нејзиниот сопруг, кој стана милионер благодарение на криптовалутите, не и дозволува да вози автомобил.