Ја гледавте на малите екрани а не знаевте дека ѝ е сестра на Емина Јаховиќ! Угледната докторка е специјалист по детска психологија! (фото)
Во двата трагични настани што се случија минатата недела загинаа голем број деца и млади луѓе, а граѓаните останаа без зборови кога се соочија со страшната вест.
Со денови компетентни соговорници – психолози, психотерапевти, социолози и лекари – се обидуваат да објаснуваат, утешуваат и советуваат.
Во емисијата „Впечаток на неделата“ гостуваше Сабина Јаховиќ, детски психолог и психоаналитичар. Покрај аргументираните позиции и утешителните зборови, таа го привлече вниманието на гледачите и со своето „звучно“ презиме, а многумина забележаа дека нејзиното лице, а пред сè бојата на гласот, многу потсетува на нејзината помлада сестра, популарната пејачка Емина.
Од трите деца на Сенија и Нусрет Јаховиќ, педијатар и кардиохирург, само најстарата Сабина тргна по нивните стапки и дипломираше на Медицинскиот факултет. Синот Мирсад е успешен кошаркар, додека Емина оствари завидна музичка кариера.
Сабина Јаховиќ специјалист по детска психологија, образованието го завршила во Белград, професионалната обука ја продолжила во странство, а пред да започне со приватна пракса, со години работела во Дневната болница за адолесценти. Иако избегнува медиумско појавување, може да се најдат интервјуа во кои зборувала од аспект на нејзината професија. Така, на прашањето што да прави кога ,,душата боли”, таа го даде следниот совет:
– Барајте стручна помош, секогаш. Споделете со блиски луѓе. Да се биде осамен во такви моменти прави да ви е сè потешко. Понекогаш само запознавање луѓе кои имаат слични проблеми и споделување искуства е значаен терапевтски фактор на патот кон закрепнување.
По повод убиството на осумте ученици во училиштето „Владислав Рибникар“ се огласи и Емина Јаховиќ, која на својот Инстаграм профил со молитвени зборови за семејствата на трагично загинатите напиша: „Нам ни треба сила, а ним им треба молитва“. Боже, слушни ги нашите молитви. Нашите срца се скршени“.