Саманта Рамсдел стана дел од Гинисовата книга на рекорди благодарение на необичен физички атрибут. Нејзината приказна за борба со самодоверба и наоѓање страст, и покрај критиките и тешкотиите, е инспирација за многумина. Нејзината уста широка речиси 17 сантиметри и ја донесе светската титула и ја отвори вратата за нови можности.
Саманта Рамсдел го најде своето место во Гинисовата книга на рекорди благодарение на нешто уникатно.
Уста широка 17 см
Нејзината уста е широка речиси 17 сантиметри, што ја носи титулата личност со најголема уста во светот. Сепак, таа се обидуваше да ја скрие вистинската големина на устата поради проценките на околината.
Саманта поминала низ тежок период кога се борела со вишокот килограми, земала антидепресиви и ретко излегувала од дома. Тогаш решила дека е време за промена. Почнала да вежба во теретана, работела на самодовербата и решила да се посвети на својата голема страст – пеењето.
@samramsdell5 On this weeks journey to find the biggest and best sandwiches…. I went to @tonyboloneys in Hoboken, NJ! #FordMaverick #MyColoredHair #sandwich ♬ Spongebob Tomfoolery – Dante9k Remix – David Snell
Настапуваше во барови, а нејзината харизма набрзо ја воведе во светот на комедијата. Таа го исполнуваше својот сон, додека карантинот не и ги прекина плановите. Тогаш го открила ТикТок, каде што почнала да објавува видеа. Нејзината уникатност набрзо го привлече вниманието на публиката.
@samramsdell5 Mikes way or the highwayyy! Whats your go to order?! #eatwithme #mukbang #jerseymikes #sandwiches #foodtiktok ♬ Nice and Easy – Louis Adrien
Се срамела, а потоа почнала да заработува големи пари
Она од што некогаш се срамеше и донесе слава, обожаватели и месечна заработка од неколку илјади евра. Таа стана честа гостинка во различни емисии, каде често демонстрираше како може да јаде големи порции храна во еден залак. Во една емисија таа покажа дека нејзината уста може да собере лименка храна, па дури и цело шише вино низ нејзината ширина.
Се сеќава на моментот кога се јавила на стоматолошка ординација за да закаже термин за мерење на усната шуплина, а малку подоцна, во 2023 година, гордо го покажала врамениот сертификат за Гинисов рекорд.
Она од што се срамеше и донесе слава, обожаватели и месечен приход од неколку илјади евра.
Коментарите на нејзините објави се секојдневни, позитивни и негативни. Иако е навикната на навреди, тешко и е да се навикне на смртни закани, кои се стотици. Сепак, Саманта продолжува да се забавува со своите следбеници, кои сега имаат близу четири милиони.