Девојка (19) од Ламија обвинила брачен пар од Грција дека ја измамиле и силувале во нивниот дом.
Како што пријавила девојката до надлежните, нејзиниот кошмар започнал минатиот петок кога пријател ја известил дека жената (35) има снимка од девојката како е интимна со нејзиниот сопруг (64).
Девојката во полиција изјавила дека пред две недели отишла со 35-годишна жена и 64-годишен маж во нивната куќа, каде испиле поголема количина алкохол. После тоа заспала, а кога се разбудила наутро била облечена и не се сеќавала на ништо.
По пријавата, полицијата извршила претрес во куќата на сопружниците и запленила три мобилни телефони кои биле испратени на вештачење.