„Ја оставивме Германија премногу зависна од рускиот гас“

Поранешниот главен економски советник на Ангела Меркел Ларс-Хендрик Рулер рече дека политиката на поранешната канцеларка ја остави Германија премногу зависна од рускиот гас.

Тој рече дека требало да направи многу повеќе кога станува збор за диверзификација на снабдувањето со енергија.

„Да го знаевме тогаш она што го знаеме сега, се разбира дека ќе постапевме поинаку“, изјави Рулер за Financial Times.

Сепак, тој истакнува дека евтиниот руски гас даде огромен поттик за германската економија, помагајќи и да обезбеди 10 последователни години раст.

Рулер додаде дека Меркел, која беше канцеларка од 2005 до 2021 година, немала друг избор освен да се потпре на рускиот гас откако решила постепено да ја укине употребата на нуклеарна енергија.

„Може да се дебатира дали тоа беше правилно, но во тоа време имаше консензус во општеството за тоа прашање“, рече Рулер.