Ја остави жената поради нејзината најдобра пријателка! Љубовната приказна на оваа славна двојка ги поместува сите граници, а вака велат за своите деца (фото)
Музичарот Стинг и неговата сопруга Труди Стајлер прошетаа на црвениот тепих на премиерата на филмот „Партенопа“ на 77. Кански филмски фестивал. Тие се заедно повеќе од 30 години, а за нивните љубовни почетоци се зборува и денес. Имено, Стинг и Труди се запознале додека тој бил во брак со пријателката на Труди, ирската актерка Френсис Томелти.
Труди и Френсис се запознале додека работеле на продукцијата на претставата „Магбет“ и станале пријатели. Покрај тоа, тие биле и соседи, до 1982 година, кога се дознало за врската помеѓу Стинг и неговата идна сопруга.
„Нејзините очи се бледи, бледо зелени, а има избледена лузна низ левиот образ што изгледа како канџа на животно ја повредила околу зеницата на левото око. Изненадувачки, лузната на ниту еден начин не ја намалува нејзината убавина. Напротив, таа изгледа како скршен ангел“, напиша Стинг подоцна за Труди во својата автобиографија „Скршена музика“, каде што откри дека се заљубил во неа веднаш штом ја запознал.
„Никој од нас не е горд на ситуацијата што се случи – тоа едноставно се случи“, изјави Труди еднаш за „Гардијан“ и додаде: „Се сакавме и живеевме заедно, а потоа се венчавме и имавме деца. А тоа накратко е нашата животна приказна’.
Во истата година кога Труди и Стинг го добија своето прво дете, еден од најпочитуваните пејачи се разведе од својата прва сопруга. Стинг имал уште три деца во вториот брак, пишува Жена.рс.
„Тоа беше најмалку идеалната ситуација што можете да ја замислите“, рече Стајлер за фактот дека Стинг е оженет, а таа е во врска со друг маж.
Тој е еден од најпознатите светски музичари, а потекнува од многу скромно семејство со кое живеел во мало гратче во Англија. Неговото богатство сега се проценува на 180 милиони долари, а во искреното интервју за „Дејли мејл“, Стинг изјави дека неговите три сина и три ќерки не треба да очекуваат да ги наследат тие пари, туку дека треба да работат и сами да заработат пари.
„Имаме многу обврски, се трошат пари, а остануваат сè помалку. Сигурно не сакам да им оставам фонд кој ќе ги направи мрзеливи и неблагодарни. Мора да работат. Секое мое дете го знае тоа, и затоа ретко ми бараат пари, што навистина го ценам. Да беа во неволја, секако дека ќе им помогнам. Тие имаат своја работна етика која ги тера да сакаат сами да се снаоѓаат“, заклучил Стинг.