Ја прекрши традицијата, нејзината приказна е вистинска МОДЕРНА БАЈКА: Каде е денес принцезата која се откажа од својата круна поради љубов?
Јапонското кралско семејство ја загуби најстарата ќерка, откако таа поради љубов се откажа од својата кралска титула.
Многумина би рекле дека во 2023 година е тешко да се поверува дека има забранети љубови, но тоа е случај и во Јапонија. Во 2017 година , принцезата Мако ја шокираше јавноста со тоа што сакаше да се омажи за партнер по нејзин избор, кршејќи ја јапонската традиција и напуштајќи ја титулата што и даде привилегиран статус.
Принцезата Мако денес е позната како Мако Комуро . Во 2017 година објави свршувачка која го шокираше кралското семејство и конзервативната средина во која порасна.
Бидејќи нејзиниот партнер Кеи Комуро не припаѓа на избраните семејства, Мако мораше да се откаже од својата кралска титула.
Во октомври 2022 година, со својата венчавка, таа го загуби кралскиот статус и стана обичен граѓанин.
Откако парот ја објави свршувачката, семејството веднаш не ја поддржа нејзината одлука.
Таа го доби благословот од нејзиниот татко, принцот Акишино, дури во 2020 година, кога тој рече:
- Одобрувам да се венчаат… Уставот вели дека бракот се заснова само на заедничка согласност на двата пола. Верувам дека јас како родител треба да ги почитувам нивните намери доколку бракот е она што тие навистина го сакаат. Мислам дека ова не е случај на кој многу луѓе го одобруваат или се радуваат“, рекол принцот свесен колку оваа свадба отстапува од јапонската традиција.
Принцезата го запознала партнерот пред повеќе од 10 години додека студирала во странство, а модерните Ромео и Јулија докажале дека љубовта е посилна од строгите правила на кралските семејства.
По стапувањето во брак, принцезата Мако изненадила и со одбивањето на традиционалното плаќање, кое е поврзано со јапонската традиција на женски член на семејството да и плаќа околу 1,3 милиони долари откако таа ќе излезе од куќата.
Принцезата, подготвена за живот во современиот свет, тогаш рече:
– Ќе започнеме нов живот. Сигурна сум дека ќе наидеме на тешкотии на патот. Но, исто како и претходно, сакам да продолжам да ги здружувам силите со Кеи и да одам со него рамо до рамо. Има многу кои разбираат колку е тешко да се живее додека ги следиме желбите на нашето срце, но се надевам дека можеме да создадеме општество во кое сите ќе можеме да живееме и да ги поддржуваме чувствата меѓусебно.
Откако го напуштила семејството, Мако се преселила во Њујорк со својот сопруг и нашла волонтерска работа во њујоршкиот Метрополитен музеј. Таа работи како помошник куратор за уметнички колекции поврзани со Азија.