Ја убеди вегетаријанката да проба месо: Милион луѓе ја видоа нејзината реакција, велат дека не е единствената на која ѝ се случило ова (видео)
Корисник на TikTok кој e потпишан „mfbadgley“ објави клип што брзо стана вирален на платформата, што сугерираше дека една млада дама се „променила“ откако повторно пробала месо.
Младата Американка, барем така тврди авторот на видеото, пет години не пробала месо, па решил да и’ еден тест со залак месо во ресторан.
Дали видеото можеби е создадено како реклама за ресторан во Чикаго, можеме да претпоставиме, но многумина во коментарите напишаа дека имале идентично искуство.
,,Бев вегетаријанец девет години и мојот прв залак беше јагнешко ребро. Искуството беше неверојатно“, напишал еден корисник на TikTok под видеото, на што еден млад човек додал дека плачел кога повторно пробал хамбургер по шест години.
Ова видео е интригантно со оглед на тоа што за само два дена собра милион прегледи и повеќе од 53 илјади лајкови, а повеќе од три илјади од нив го коментираа.