Ја убил сопругата, па легнал да спие до неа, ќерката го пронашла телото: Страшно злосторство во Австрија

Жена (44) е убиена во Нојрхен ан дер Енкнах во Горна Австрија, а за убиството е осомничен нејзиниот сопруг (35), кој заминал да спие по злосторството!

Телото на несреќната Силвија, со бројни убодни рани, го пронашла нејзината ќерка од првиот брак, која во саботата наутро дошла да ја посети мајка си.

Се верува дека Силвија и нејзиниот сопруг Мајкл се вратиле дома од забава околу 4 часот наутро, кога избила жестока расправија. Мајкл тогаш наводно грабнал два ножа и ја избодел сопругата до смрт. По злосторството ги спуштил ножевите и легнал да спие покрај неа.

Кога ќерката на Силвија пристигнала околу 10 часот, ја затекнала страшната глетка на нејзиниот очув како спие покрај телото. Таа го разбудила својот очув, кој тврдел дека не знаел што се случило и не се сеќава на ништо.

Во куќата полицијата пронашла крвави ножеви.

Мајкл е уапсен и одреден е во притвор, истрагата е во тек.